Конгресмени бараат истрага за Америкнската амбасада во Македонија и УСАИД
Ова барање, е адресирано на 24-ти февруари, до Џин Додаро, генерален инспектор на оваа владина институција, овластен да поведе истрага за незаконско трошење пари од државни функционери.

„Слушнавме веродостојни извештаи за активно мешање на Американската амбасада во Македонија, во меѓупартиските политички прашања со влијание врз медиумската средина и врз граѓанското општество блиски до левицата. Директно или не, ова влијаело врз исходот на изборите“, пишува во писмото на седумте конгресмени кои бараат ревизија и истрага во Стејт Департментот и во Агенцијата за развој УСАИД поради партиско однесување при финансирање на Фондацијата отворено општество на Џорџ Сорос во Македонија.
Во писмото на конгресмените се поставува прашањето, дали амбасадорот Бејли или други лица од Амбасадата биле активни при одложувањето на предвремените избори, на начин кој соодветствувал на интересите на некои од партиите, јавува МИА од Вашингтон.
Ова барање, е адресирано на 24-ти февруари, до Џин Додаро, генерален инспектор на оваа владина институција, овластен да поведе истрага за незаконско трошење пари од државни функционери.
Конгресмените исто така бараат целосен извештај од американскиот генерален инспектор во рок еден месец.
