Конфискувани рекордни 4,2 тони кокаин во Суринам

28.02.2017 12:00

Вредноста на дрогата е проценета на околу 125 милиони долари.

Американските власти конфискуваа рекордни 4,2 тони кокаин од рибарски чамец во меѓународните води крај Суринам.

Вредноста на дрогата е проценета на околу 125 милиони долари. Запленувањето е извршено во рамките на заедничка патрола на крајбрежната стража на САД и на Тринидад и Тобаго.