Милијардерот Вилбур Рос е нов министер за трговија во тимот на Трамп
28.02.2017 12:21
Рос изјави дека Владата на претседателот Трамп ќе ја смени Северноамериканската спогодба за слободна трговија позната како НАФТА.

Милијардерот Вилбур Рос е нов министер за трговија. Горниот Дом на Конгресот му даде поддршка со 72 сенаторски гласа.
Рос изјави дека Владата на претседателот Трамп ќе ја смени Северноамериканската спогодба за слободна трговија позната како НАФТА.
Рос е успешен бизнисмен со важни контакти на глобално ниво чие богатство се проценува на 2,9 милијарди долари.
