СЈО со нова истрага „Труст“- осомничени три физички и три правни лица

28.02.2017 12:42

Истрагата се однесува на добивање тендер за ископ на јаловина и јаглен во Суводол. Како што беше соопштено, биле проневерени нешто повеќе од 17 милиони евра.

Специјалното јавно обвинителство со нова истрага „Труст“. Осомничени за злоупотреба на постапката за јавен повик се три физички и три правни лица. СЈО за двајца обвинети ќе бара мерка притвор.

Истрагата се однесува на добивање тендер за ископ на јаловина и јаглен во Суводол. Како што беше соопштено, биле проневерени нешто повеќе од 17 милиони евра.

Постои основано сомние дека заради изигрување на постапката за доделување договор кон пријавата за учество во првата фаза од тендерот доставиле невистинита документација за сопственост на механизација, рече обвинителката Фетаи.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева информираше дека е проширена истрагата за предметот „Титаник“ за 17 лица и за повеќе кривични дела. Образложи дека тоа се должи на тоа што по преслушување на аудио фајловите е утврдено дека има повеќе лица кои се инволвирани во овие кривични дела.

Специјалното јавно обвинителство досега покрена истраги за случаите „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“ „Топлик“, „Тендери“ и „Таргет“.