Гестовите и речникот на Нуланд ги осрамотиле САД?!
Украинската криза се одрази и врз односите на САД и ЕУ ...

Украинската криза се одрази и врз односите на САД и ЕУ. На снимката што се појави на Јутјуб, американските функционери со потценување говорат за улогата на Унијата во решавањето на проблемот во Укарина. На втората, пак, снимка преставниците на Унијата се пожалија дека американските функционери со презир се потсмеваат на нивните дипломатски напори за решавање на кризата.
Снимките од наводните телефонски разговори на високите американски функционери и на Европската Унија што се објавени на мрежата Јутјуб ги вознемири Брисел и Вашингтон, разотркивајки го при тоа и големиот јаз околу разрешувањето на кризата во Украина
Во телефонскиот раговор којшто трае 4 минути Викторија Нуланд во еден момент не само што ја опцула Унијата за неефиасност туку и ги споменла Обединетите нации и нивната улога во обидот за изнаоѓање решенија . На ова американскиот амбасадор во Украина Џефри Пјат одговорил:
„Мораме нешто да преземеме за да бидеме заедно, и можете да бидете сигурни дека Русите нема да ни работат за грб“.
Нуланд била против и опозиционерот Кличко да биде дел од новата влада.
„Јас мислам дека тоа не е добра идеа. мислам дека Арсениј Јацјеник е тип којшто има економско искуство“-рекла американската дипломатка.
Во врска со оваа најновата афера, Американците ниту ја негираа ниту пак ја потврдија автентичната снимка. Освен што потпаролот на Стејт Департментот, Џан Псаки пред новинарите изјавила дека не ја негира автентичноста на снимката.
Таа потврди дека Нуланд веќе стапила во контакт со колегите од Унијата и дека се извинила поради нејзините коментари . Американците сметаат дека ова е руско масло а Обсервер пишува дека ова е измислено само со цел да се влошат односите мегу сојузниците , велат дипломатски избори од Брисел.
Мирјана Василева
