Земјотрес во близина на Фукушима
28.02.2017 13:47
Не е издадено предупредување за цунами, а нема податоци за жртви и за материјална штета.

Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја погоди североисточна Јапонија, во близина на нуклеарната централа „Фукушима-1“.
Не е издадено предупредување за цунами, а нема податоци за жртви и за материјална штета.
Во нуклеарната централа не се регистрирани аномалии како резултат на земјотресот.
