Метео: Утре дожд, од четврток стабилно и суво

28.02.2017 14:50

Ќе дува и засилен ветер од југоисточен правец кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди особено во источните региони, попладне ќе настапи зголемена облачност со врнежи од дожд и снег на повисоките планини.

Ќе дува и засилен ветер од југоисточен правец кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен.

Од четврток повторно се очекува стабилно и суво време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска