Ибрахими: Голем интерес на пензионерите за бесплатна бања и викенд
Повикот за апликација за користење на услугите заврши на 20-ти февруари. За двата проекта пријавени се над 20 илјади корисници на пензија. Меѓуресорската комисија неделава ќе почне со разгледувањето и рангирањето на секое поединечно барање по бодови.

Продолжува реализацијата на двата проекта за бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд за пензионерите. Повикот за апликација за користење на услугите заврши на 20-ти февруари. За двата проекта пријавени се над 20 илјади корисници на пензија. Меѓуресорската комисија неделава ќе почне со разгледувањето и рангирањето на секое поединечно барање по бодови.
Интересот ги надмина нашите очекувања. Од почетокот на проектот за бањско- климатска рекреација во 2010-та година услугата ја искористиле 37.193 пензионери, а од почетокот на услугата за бесплатен викенд во 2015-та година ја искористиле 4.740 пензионери, изјави министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.
Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Драги Аргировски истакна дека овие два проекта се мошне значајни за пензионерите. Тие, според Аргировски, им овозможуваат да се социјализираат и да воспостават нови пријателства.
