Нов пристап за ресоцијализација на осудени лица

28.02.2017 15:30

Затворениците од тетовскиот и штипскиот затвор покажуваат голем интетрес за проектот „Стручно образование и обука“. Обуките ќе овозможат создавање на поволен амбиент за нивна реинтеграција во опшеството и нивна поголема конкурентност на пазарот на труд.

Лицата што издржуваат затворска казна во тетовскиот и штипскиот затвор покажуваат максимален интетрес за проектот „Стручно образование и обука“- нов пристап за ефективна социјална фклученост. Сите курсеви започнатати  минатата година се во завршна фаза. Обуките ќе ги поминат 160 лица на кои стекнатото знаење ќе им овозможи создавање на поволен амбиент за нивна реинтеграција во опшеството и нивна поголема конкурентност на пазарот на труд.

„Со проектот ние за затворите обезбедивме поддршка за затворените лица да имаат соодветен простор, алатки и инструменти за да можат да спроведат обука за информатичката технологија, англискиот јазик и занаетите како пекар, бербер и за холтикултурно уредување“, вели координаторот на проектот Сретен Коцевски.

Имплементацијата на обуките, велат течела беспрекорно, а затворениците пројавувале подеднаков интерес за сите дејности, бидејки немало посебни селекции.

„Не се водевме од тоа за каква казна е осуден. Нас ни беше битно тука да престојува минимум уште шест месеци, за да ја заврши обуката и да имаат желба да учествуваат“,  додава Коцевски.

„Дел од нив имаат само основно образование, па оваа форма на стекнување на знаење за некои занаети и не требаше некоја битна писмена основа, напротив ова ќе им помогне да научат нешто кое понатаму ќе им значи егзистенција“, вели воспитувачката од тетовскиот затвор Христина Маринковска.

Во оваа фаза не можеше да бидат опфатени сите што покажаа интерс. Носителите на проектот велат дека ќе настојуваат тој да продолжи, само што поголем број на луѓе што се огрешиле од законот, стекнат нови вештини кои ќе им помогнат за поефективна ресоцијализација и надминување на предрасудата.

 

Стевче Митревски