Нови три авиолинии од Скопскиот аеродром
Од Аеродромот „Александар Велики“ се воведуваат уште три нови авиолинии- кон Малта, Рим и Ваксјо во Шведска. Со нив ќе оперира унгарската нискобуџетна компанија „Виз Ер“. Флотата во Скопје ја збогати со уште еден авион и најави нови вработувања.

Со новите три авиолинии кон Малта, Рим, Ваксој Шведска, Македонија воздушно се поврзува со 35 европски метрополи, со Дубаи и Доха. „Виз Ер“ оперира кон 29 дестианции, ја поврзува земјава со 13 земји. Генерално превезува 54,8 насто од вкупниот број патници. Го дочека и три милионитиот патник превезен со ниско тарифните линии во текот на изминатите шест години.
Менаџментот најави зголемување на флотата со четврти воздухоплови, инвестиција од 99 милиони евра во Македонија, можност за отворање нови работни места.
„Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителен воздухоплов, трите нови авиолинии и зголемените фрекфенции на постојните летови, ќе значат зголемување на тимот за вработени во Македонија, и дополнителни стимулирање на туристичките и угостителски индустрии и бизнис релации со други земји. Се зголемуваат и фрекфенциите кон седум дестинации“, рече Овен Џонс, главен директор за корпоративни прашања во „Виз Ер“.
Континуирано расте и бројот на патници, лани милион и осумстотини илјади ги користеле услугите на ТАВ Македонија. Зголемен е и бројот на операции, реализирани биле 17 илјади летови. На што се должи оваа експанзија го прашавме генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.
„Заслужни се и нискобуџетските компании и редовните превозници. Од јули, Виз Ер ќе има четири авиони и ќе воведе нови дестинации кон Малта, Рим, Ваксој. Дополнително на агендата ќе биде и летот кон Доха, со Катар Ервејс и тоа 4 пати неделно. Значи, колачот на добри резулатите е 60 насто заслуга на нискобуџетските компании и 40 насто на редовните авиопревозници. Ќе има наскоро и директен лет од Полска до Охрид. Се обудуваме да одржиме баланс меѓу нискобуџетските компании и редовниот сообраќај“- вели Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
Дали преговарате со нови оператори, за нови авиолинии и што очекувате годинава?
„Ние како ТАВ Македонија и нашиот менаџерски и маркеитнг тим од холдингот сме во комуникација со авионски и туроператори и ја промовираме Македонија. Но, потребно е време да се направат физибилити студии, да ја посетат Македонија. Сега нема да обелоденувам име. Но, секоја година има нови дестинации и работиме напорно да ги додадеме сѐ повеќе во македонската мрежа“- посочи Ерсој.
На барање на бизнисмените директна конекција и со пазарите на Блискиот исток, со летниот ред на летање, авионски Македонија се поврзува и со Катар. Од втори април, ќе се лета и до Будимпешта. Со зголемување на бројот на авиолоинии се зголемува и бројот на туристи во земјава. Сеолетниот ред на летање ќе се раздвижи и авиосообраќајот на „Свети Апостол Павле“. Истанбул е најфрекфентна дестинација, но голем број патници патуваат и кон Цирих, Виена и Базел.
Сузана Фиданска- Стоевска
