Сообраќајот по суви коловози и без забрани

01.03.2017 08:38

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини се пренасочува преку градот Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.   

Сообраќајот на патниот правец  Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.