Могерини утре во посета на Македонија
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија утре во Скопје ќе оствари повеќе средби со политичкиот врв и со граѓанските асоцијации. Целта на посетата е, како што претходно изјави, да се осигури „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, од Црна Гора ја почна турнејата на Западен Балкан. Утре ќе пристигне во Македонија. Целта на посетата е, како што претходно изјави, да се осигури „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.
За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет.
Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западен Балкан се движи на патот кон реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија.
Могерини утре во Скопје ќе оствари повеќе средби со политичкиот врв и со граѓанските асоцијации. Заклучокот од посетата во однос на напредокот на земјите од Западен Балкан ќе биде претставен пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на 6-ти март во Брисел.
