Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

01.03.2017 10:43

Од Синдикатот најавија дека ако не им се исплати заостанатата плата, ќе почнат и штрајк со глад. Ресорниот министер очекува во најскоро време да се реши проблемот и да се нормализира сообраќајот.

Железничкиот сообраќај, и патничкиот и товарниот, се сѐ уште во прекин поради штрајкот на вработените. Од Синдикатот најавија дека ако не им се исплати заостанатата плата, ќе почнат и штрајк со глад. Ресорниот министер очекува во најскоро време да се реши проблемот и да се нормализира сообраќајот.

В.Д. директорот на МЖ- Транспорт, Игор Коруноски информира дека се обезбедени финансии веднаш да се исплати половина од јануарската плата, но, за да се префрлат средствата, вработените треба да почнат да работат. Вели дека помала група не се согласила со понуденото.

Сепак, Коруноски очекува дека вработените ќе размислат во позитивна насока, и во текот на денешниот ден ќе се најде решение, и железничкиот сообраќај ќе почне нормално да функционира.