Приведени неколку лица за нападот на екипата на А1-он

01.03.2017 11:03

Агенцијата за медиуми најостро го осудува нападот врз новинарската екипа на интернет порталот. Велат, безбедноста и животот на медиумските професионалци, во ни еден случај не смеат да бидат загрозени. Нападот го осудија и новинарскиот синдикат, Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите.

На вчерашниот протест, физички е нападната екипата на А1-он. Повредените новинар и снимател биле пренесени во Ургентниот центар. Последните информации се дека има приведени.

Агенцијата за медиуми најостро го осудува нападот врз новинарската екипа на интернет порталот. Велат, безбедноста и животот на медиумските професионалци, во ни еден случај не смеат да бидат загрозени.

Нападот го осудија и новинарскиот синдикат, Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите.

Самостојниот Синдикат на новинарите и медиумските работници бара полицијата во најкраток можен рок да ги пронајде напаѓачите и да го расчисти инцидентот. Неказнивоста на нападите врз медиумите е недозволива, се вели во реакцијата на Советот за етика во медиумите, а безбедноста на новинарите мора да биде подобрена и ослободена од какви било закани и притисоци.

Осуда за инцидентот  стигна и од партиите СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.