Целосно изгоре градинката „8-ми Април“ во Шуто Оризари
01.03.2017 11:20
20 пожарникари до рано утрово се бореа, огнената стихија да ја стават под контрола. Се утврдуваат причините за пожарот.

Синоќа во пожар, целосно изгоре градинката „8-ми Април“ во Шуто Оризари. Пожарот избувнал половина час по полноќ. 20 пожарникари до рано утрово се бореа, огнената стихија да ја стават под контрола.
Во оваа градинка се запишани речиси 200 дечиња, а во истиот објект беше сместен и Центарот за децата од улица.
Се утврдуваат причините за пожарот.
