„Симпл Мајндс“ на 6-ти март во Скопје

07.02.2014 14:58

Скопје е последната станица од двегодишната светска турнеја на познатиот рок бенд „Симпл Мајндс“.По настапите во Лондон, Манчестер, Париз, Амстердам и во други европски градови, шкотскиот состав на 6-ти март ќе го затресе комплетно реновираниот СРЦ Кале.

Бендот на сите времиња во Скопје доаѓа во состав: Џим Кер – вокал, Чарли Бурчил – гитара и клавијатури, Мел Гејнор – тапани, Енди Гилеспи – клавијатури, Гед Грајмс – бас-гитара и Сара Браун – придружен вокал.

Во својата долгогодишна кариера, „Симпл Мајндс“издадоа 16 студиски албуми коишто имаат достигнато платинест тираж повеќепати.

Специјални гости на „Симпл Мајндс“ ќе бидат „Мизар“, коишто еден час пред настапот на шкотската легенда, ќе ги забавуваат посетителите .

Моника Јовановска