Централен регистар: Досега поднесени околу 70.000 годишни сметки

01.03.2017 15:30

Обработката е во тек и се очекува да заврши во законски предвидениот рок.

Заклучно со крајниот рок 28.02.2017 во Централниот регистар биле поднесени околу 30.000 годишни сметки во хартиена форма, на правни субјекти од сите видови на дејност. Обработката е во тек и се очекува да заврши во законски предвидениот рок.

Можноста за поднесување годишна сметка во електронска форма досега ја искористиле околу 40.000 правни субјекти, а крајниот рок за нивно доставување е 15 март 2017-та, велат за МТВ од Централниот регистар.

Свето Николовски