УЈП: Поднесени над 140 илјади годишни даночни пријави
01.03.2017 15:33
Од УЈП велат дека најголем број од нив ги поднеле граѓаните на Скопје, 47.709, а потоа следуваат штипјани со 29.123 и прилепчани со 21.638. Тетовчани досега поднеле само 8.450 даночни пријави.

Заклучно со 27-ми февруари биле поднесени вкупно 140.052 годишни даночни пријави. Од УЈП велат дека најголем број од нив ги поднеле граѓаните на Скопје, 47.709, а потоа следуваат штипјани со 29.123 и прилепчани со 21.638. Тетовчани досега поднеле само 8.450 даночни пријави.
Скоро сите пријави биле поднесени во хартиена форма, додека електронски биле поднесени само 601.
Крајниот рок за доставување годишна даночна пријава во најблиската даночна канцеларија е 15-ти март 2017-та, а пријавата може да се испрати и преку пошта.
Свето Николовски
