Гори зградата на владата во Тузла

07.02.2014 15:10

Според очевидците, истите луѓе коишто ја запалиле зградата, сега помагаат во гаснењето...

Според хрватски „Јутарњи лист“, зградата на Владата во Тузла гори.

Девет ката се во пламен, а демонстрантите  пред малку дозволите во просториите да влезат пожарникари.

Според очевидците, истите луѓе коишто ја запалиле зградата, сега помагаат во гаснењето.

Зад зградата има многу уништени и превртени автомобили.

Според информациите на локалните медиуми, гори и зградата на владата во Сараево, а има судири и во Зеница.