Истражуавње: Младите не веруваат дека трудот секогаш им се вреднува

01.03.2017 16:04

Младите од земјава сакаат да ги остварат своите цели, но не веруваат дека трудот секогаш им се вреднува. Имаат забелешки дека во образованието, нема доволно пракса. Ја почитуваат институцијата брак- ова се само дел резултатите од истражувањето, кои го спровел Институтот за социолошки и политичко правни истражувања...

Осамостојувањето на Македонија, успехот на кошаркарите во Литванија и студентските протести позитивни настани, негативни - кофликтот од 2001-та, атентатот на претседателот Киро Глигоров, поплавите и земјотресите. Ова се дел од ставовите на младите од 15 до 29 години, покажало истражувањето на Институтот за социолошки и политичко– правни истражувања на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Податоците покажале дека младите имаат амбиција да ги исполнат своите цели, но не веруваат дека во оваа земја трудот секогаш се вреднува и се исплати. Сите го почитуваат бракот како институција, а за повеќто прифатливи и истополови бракови – покажува Истражувањето.

Според резултатите, едни се задоволни од образовниот систем, други делумно. Забелешка им е што немаат практика кога се едуцираат, а забелешки имаат и за непотизмот.  

Заклучокот од Истражувањето е дека и младите во Македонија се како нивните врсници во светот,  милениумска генерација. Оптимисти и ентузијасти,  амбициозни, но погодени од економската рецесија и  политичките кризи.

Наташа Јанчиќ