ДУИ без одлука дали ќе биде дел од владата или ќе оди во опозиција

01.03.2017 16:30

Ахмети, попладнево пристигна во седиштето на СДСМ на средба со Зоран Заев.

Демократската унија за интеграција сѐ уште не донела одлука дали партијата ќе остане во опозиција, поддржувајќи малцинска влада или пак, ќе биде дел од новата влада. Ова го изјавил лидерот на интегративците, Али Ахмети, на средбата со шведскиот амбасадор, Матс Стафансон.

Ахмети посочил дека ги заокружиле преговорите за Законот за употреба на албанскиот јазик, како и точките од заедничката изјава на албанските политички партии, додека за другите прашања, изјавил оти се чекаат процедурални случувања во земјата за мандатот за формирање влада.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево пристигна во седиштето на СДСМ на средба со Зоран Заев.