Македонски железници: Вработените добија половина од јануарската плата

01.03.2017 17:22

Од Синдикатот велат дека остануваат на барањето за целосна исплата на јануарската плата и за редовни примања во иднина.

Вработените во Железница ја добија првата половина од јануарската плата. Сепак, железничкиот сообраќај и патничкиот и товарниот сообраќај се сѐ уште во прекин.

Од Синдикатот велат дека остануваат на барањето за целосна исплата на јануарската плата и за редовни примања во иднина. Утре ќе решаваат дали ќе продолжат со протестот и на кој начин.

Од раководството добиле најава дека во наредните денови ќе ја добијат и втората половина од заостанатата  плата.