Резултати од екстерно
Три плус добија матурантите на екстерното . Просечната оценка е 3,39. 2500 тестови добија единици . Најдобар успех покажале матурантите од Раде Јовчевски Корчагин од Скопје. Резултатите се објавени во училиштата .Приговори до училишната комсија може да се поднесат најдоцна до среда . Околу 400 ученици полагале само еден предмет , 315 не го полагале тестирањето . За оправдано отсутните ке има дополнителна сесија .

Важат истите правила ќе постои отворениот базен , но со исклучок , односно со корекција нема да ги полагаат првично генерираните два предмети ќе си добијат нови два предмети кои што ќе бидат дел од екстерното тестирање рече Спиро Ристовски
Додека траат изборите нема да има награди и казни за наставнците пресече Антикорупциска .. Ресорното министерството нема во Јануари да им исплати повисока или пониска плата . Тоа ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори .
Не смееме во овој момент да го генерираме списокот , ниту смеат да се изготвуваат посебни решенија за намалување, односно покачување на платата. Тоа согласно укажувањата на Антикорупциска ќе мора да се реализира по завршување на изборниот процес, за да не се сфати како наградување или казнување на дел од наставници во период кога се активно распишани и се спроведуваат изборите рече министерот Спиро Ристовски .
Со ова екстерното тестирање беа опфатени околу 20 000 ученици од завршните години и 2800 наставници од 96 училишта низ земјава . Со следното во Мај пак ќе бидат опфатени основците и средошколците .
Викторија Тодоровска