Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести
01.03.2017 16:24
Од Иницијативата за време на последниот марш побараа сите партиите да изготват платформа „За заедничка Македонија“ и да ги отфрлат платформите кои се пишувани во други држави

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска продолжува со протести во Скопје и во уште неколку градови.
Од Иницијативата за време на последниот марш побараа сите партиите да изготват платформа „За заедничка Македонија“ и да ги отфрлат платформите кои се пишувани во други држави, да не се усвојува владина програма која не била изгласана од граѓаните на избори, да не се гласа во Собранието за, како што рекоа, закон за двојазична Македонија, а од претседателот побараа да го почитува Уставот и да не доделува мандат по истекот на рокот.
