Могерини денеска во посета на Македонија
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со лидерите на политичките партии застапени во македонското Собрание, како и со студентите што партиципираат во „Еразмус“ програмата.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини денска доаѓа во посета на Македонија. За попладне се предвидени средби со претседателот и партиите, а се очекува потоа Могерини да даде и изјава за медиумите.
Главна цел на посетата на регионот, како што наведе Могерини, е да се осигура неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во европското семејство.
„За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет“- рече италијанката.
Во агендата на Могерини се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
