Заев: Иванов изврши државен удар
Заев рече дека Иванов со одлуката да не го додели мандатот, извршил државен удар и ја внесува Македонија во длабока политичка криза.

Свое обраќање вчера имаше и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Заев рече дека Иванов со одлуката да не го додели мандатот, извршил државен удар и ја внесува Македонија во длабока политичка криза.
„Ѓорге Иванов, со одлуката да не го додели мандатот за состав на новата Влада, за што е обврзан според Уставот на Р.Македонија, изврши државен удар. Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици по граѓаните и по државата. Тој прави уставно - државна криза со тоа што ја негира мнозинската волја на граѓаните и поднесените 67 потписи на избрани пратеници во Собранието на Р.Македонија и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување, Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитник и соучесник на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Сакам јавно да порачам, СДСМ и јас како претседател нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Заев побара Иванов да ја повлече одлуката.
