ОМД повикува на разум и одговорност

02.03.2017 10:47

Според ОМД, недоделувањето мандат за формирање влада од претседателот Иванов треба да служи како поттик за партиските лидери на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да одговорат на моменталната состојба во која се наоѓа државата покажувајќи државотворност и патриотизам...

Обединета Македонска Дијаспора ги повикува македонските граѓани на разум и одговорност во овие, како што наведуваат, крајно загрижувачки моменти за Република Македонија.

Според ОМД, недоделувањето мандат за формирање влада од претседателот Иванов треба да служи како поттик за партиските лидери на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да одговорат на моменталната состојба во која се наоѓа државата покажувајќи државотворност и патриотизам преку директни разговори во Собранието и издавање заедничка декларација за целосна заштита на унитарноста и уставноста на Република Македонија.

Обединетата Македонска Дијаспора цврсто верува дека ова е единствен излез од кризата, стои во соопштението.