Хан: Да се почитува исходот од изборите
02.03.2017 10:58
Тој порача дека сите лидери, вклучувајќи го и претседателот, мора да го почитуваат исходот од неодамнешните избори.

По одлуката на претседателот Иванов, се огласи и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Тој порача дека сите лидери, вклучувајќи го и претседателот, мора да го почитуваат исходот од неодамнешните избори.
„Во една демократија, парламентарното мнозинство мора да биде признаено, дури и ако тоа не му се допаѓа. Оттука, очекувам сите лидери и институции да дозволат да се одвиваат демократските процеси во интерес на граѓаните“, изјави еврокомесарот Хан.
