Бејли изрази загриженост за состојбата во Македонија

02.03.2017 11:03

„Се согласувам со комесарот Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и владеењето на правото, кои се суштински вредности на НАТО“, напиша Бејли на Твитер.

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли на Твитер изрази загриженост за политичката состојба во земјата.

„Се согласувам со комесарот Хан. Загрижен сум дека Македонија се оддалечува од принципите на демократијата и владеењето на правото, кои се суштински вредности на НАТО“, напиша Бејли на Твитер.

Амбасадорот ова го напиша како одговор на коментарот на еврокомесарот Јоханес Хан, кој ја критикуваше одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не му го додели мандатот на Зоран Заев.