Олимписки зимски игри - Сочи 2014

Русите најавуваат спектакл, Олимпијадата во Сочи може да почне

07.02.2014 15:21

Олимписките зимски игри се повеќе од спортски настан. Ниту 22-та Олимпијада во Сочи – Русија нема да биде исклучок. Без разлика на олимпиското мото „важно е да се учествува“, во модерниот спорт резултатите се во преден план, особено медалите имаат дополнителна вредност.

Олимписките зимски игри се повеќе од спортски настан. Ниту 22-та Олимпијада во Сочи – Русија нема да биде исклучок. Без разлика на олимпиското мото „важно е да се учествува“, во модерниот спорт резултатите се во преден план, особено медалите имаат дополнителна вредност.

Околу 6000 спортисти од рекордни 88 земји во 7 спортови и 15 дисциплини ќе се натпреваруваат за 98 комплети медали. Меѓу нив и македонската тројка предводена од нордиецот Дарко Дамјановски кој ќе го носи нашето знаме на Свеченото отворање и за кого ова ќе бидат трети Олимписки зимски игри. Алпинецот, Антонио Ристевски ќе настапи вторпат и тоа во велеслалом и слалом, додека на Олимпијадите ќе дебитира 16-годишната нордијка Марија Коларовска. На Свеченото отворање ќе присуствува и Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Нови дисциплини ќе има 12, а дебитанти на Олимписките зимски игри ќе бидат спортисти од 7 земји. Најбројна ќе биде делегацијата на САД којашто ќе брои 230 спортисти.

Ова е прва зимска олимпијада во Русија, па затоа домаќинот е подготвен 17-те дена да бидат грандиозни. За комплетна организација на Олимпијадата се потрошени неверојатни 51 милијарда долари, но само од маркетингот до почетокот на игрите се заработени една милијарда долари. Затоа што Сочи се наоѓа на црноморското крајбрежје, ова ќе биде најтоплата Олимпијада, бидејќи просечната температура во овој период од годината е 8,3 степени. Русите се внимателни и за безбедноста ќе се грижат околу 50 илјади полицијаци, војници и други лица.

Русите нема да ја пропуштат на Свеченото отворање да потсетат на својата богата и славна историја, па најавуваат два ипол часовен спектакл. Официјалниот наслов на претставата е „Соништата за Русија“. Почетокот на преносот на МРТ1 ќе биде во 17 часот, а стартот на шоуто симболично 14 минути подоцна.

Македонската телевизија во текот на цела Олимпијада дневно ќе емитува околу 12 часовна програма на којашто ќе бидат застапени речиси сите спортови.