Синдикалците од „Југохром“ ќе го блокираат патот Тетово Скопје
02.03.2017 11:07
Според најавите, денеска од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот кај наплатната рампа Желино, во двата правца.

Синдикатот на „Југохром“ од Јегуновце на протест против, според нив, неоправданото исклучување на печките во комбинатот. Според најавите, денеска од 11 до 13 часот ќе го блокираат автопатот кај наплатната рампа Желино, во двата правца.
На протестот ќе бидат истакнати и нивните барања. Утре синдикалците треба да остварат средба со премиерот Емил Димитриев.
