Железничкиот сообраќај сѐ уште во прекин

02.03.2017 10:10

Од Синдикатот велат дека остануваат на барањето за целосна исплата на јануарската плата и за редовни примања во иднина.

Вработените во Македонски Железници ја добија првата половина од јануарската плата. Сепак, патничкиот и товарниот сообраќај сѐ уште се во прекин.  Од Синдикатот велат дека остануваат на барањето за целосна исплата на јануарската плата и за редовни примања во иднина.

Денеска ќе решаваат дали ќе го продолжат протестот и на кој начин. Од раководството добиле најава дека во наредните денови ќе ја добијат и втората половина од заостанатата плата.