Брод со 85 мигранти пронајден во близина на Пилос

02.03.2017 11:52

Сите мигранти биле превезени со друг брод до пристаништето Каламата.

Грчките медиуми пишуваат дека во текот на изминатата ноќ во операцијата на грчките пристанишни власти,  југозападно од Пилос бил пронајден брод со 85 нелегални мигранти.

Сите мигранти биле превезени со друг брод до пристаништето Каламата. Се смета дека еден од мигрантите и телефонирал на полицијата во Каламата и јавил дека има проблем со бродот.

Пристанишните власти биле известени и презеле акција за пронаоѓање на бродот.