Во Ирак и во Сирија има од 12.000 до 15.000 џихадисти

02.03.2017 12:11

Таунсенд на прес- конференција рече дека во последните месеци биле убиени повеќе лидери на Исламска држава, меѓу нив и оние блиски на лидерот Абу Бакр Ал Багдади.

Американскиот генерал, Стивен Таунсенд, изјави дека во Ирак и во Сирија има меѓу 12 и 15 илјади борци на Исламска држава, што укажува дека бројот на џихадистите е значајно намален.

Таунсенд на прес- конференција рече дека во последните месеци биле убиени повеќе лидери на Исламска држава, меѓу нив и оние блиски на лидерот Абу Бакр Ал Багдади. Додаде и дека во западниот дел на Мосул и околината има уште 2.000 исламисти.