Могерини денеска во Скопје

02.03.2017 13:27

За попладнево се предвидени средби со невладини организации, со лидерите на партиите што освоија мандат во Собранието и со претседателот Иванов. Потоа се очекува Могерини да даде и изјава за медиумите.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини во посета на Македонија, нешто порано од предвидената агенда.

За попладнево се предвидени средби со невладини организации, со лидерите на партиите што освоија мандат во Собранието и со претседателот Иванов. Потоа се очекува Могерини да даде и изјава за медиумите.

Главна цел на посетата на регионот, како што наведе Могерини, е да се осигури неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во европското семејство.

„За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет“- рече италијанката.

Во агендата на Могерини се Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Поради лошите временски услови, Могерини не отпатува во Сараево.