Велигден го поместува турнирот за титулата
Кога го правеа распоредот за сезонава, челниците на АБА лигата не го имаа предвид верскиот календар, па затоа се принудени да го менуваат датумот на одржување на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Новиот термин е од 25 до 27 април оваа година. Причина е тоа што првично планираниот датум, седум дена пораном, се поклопува се православниот и со католичкиот Велигден.

Право на предност да биде организатор на популарниот „фајнл – фор“ ќе има најдобрата екипа од основниот дел од сезоната. Финалистите ќе обезбедат учество во Евролигата за следната сезона, а третопласираниот же игра квалификации за најдоброто кошаркарско натпреварување на стариот континент.