Димитриев до Рама: И без вашето мешање ќе изнајдеме решенија
Ангажираме големи ресурси за промоција на јазикот и културата на нашите заедници. Добро ќе биде да не следите во тој правец. Македонските граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност, сами пребродиле многу кризи во историјата, ќе ја надминат и оваа...

Постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности, му напиша македонскиот премиер Емил Димитриев на албанскиот премиер Еди Рама.
Тоа не ѝ помага на Албанија, чии граѓани очекуваат од вас да се зафатите со слабостите во владеењето и економијата. Не ѝ помага на Европската унија, зашто и ним им е јасно дека барате само изговор за кавги надвор за да не се говори за она што сте или не сте го сториле дома, стои во писмото. Не ѝ помага ниту на Македонија чии граѓани сакаат суверена и независна земја во сегашните граници, кои ја плаќаат цената за вашите наводни амбиции да ја редефинирате Македонија, наместо да ја реформирате Албанија во постојните граници, посочува македонскиот премиер.
Ангажираме големи ресурси за промоција на јазикот и културата на нашите заедници. Добро ќе биде да не следите во тој правец. Македонските граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност, сами пребродиле многу кризи во историјата, ќе ја надминат и оваа, стои во писмото на Димитриев до Рама.
