Анкара бара депортација на двајцата турски офицери

02.03.2017 14:27

Според медиумите, турското барање содржело многу факти, кои покажувале дека турските воени офицери биле замешани во обидот за убиство на Ердоган во ноќта на 15 јули 2016 година, кога во земјата се изведе обидот за преврат.

Анкара побарала административно депортирање, а не екстрадиција на двајцата турски офицери од специјалните единици, кои на 15 февруари нелегално влегле на грчка територија.

Според медиумите, турското барање содржело многу факти, кои покажувале дека турските воени офицери биле замешани во обидот за убиство на Ердоган во ноќта на 15 јули 2016 година, кога во земјата се изведе обидот за преврат.

Грчките власти претходно го отрфлија барањето на Анкара за екстрадирање на осумте турски офицери, кои во Грција влегоа во утринските часови на 16 јули 2016 година, што предизвика остра реакција од турската влада.