ИД се повлекува од Палмира

02.03.2017 14:43

Сириските единици, со поддршка на руската војска во средата влегле во античкиот град по судирите со борците од Исламска држава.

Борците од Исламска држава се повлекле од поголемиот дел од сирискиот град Палмира, зад себе оставајќи бројни мини, поради што е отежнато напредувањето на владините сили.

Сириските единици, со поддршка на руската војска во средата влегле во античкиот град по судирите со борците од Исламска држава.

Според сириската опсерваторија за човекови права, во главниот дел на античкиот дел повеќе нема борци на ИД, но дека секторот е силно миниран.

Исламска држава во мај 2015-та година ја зазеде Палмира, притоа уништувајќи бројни храмови и извршувајќи масовни убиства.