Концесии за хидроелектрични централи на Црна Река
07.02.2014 15:31
Владата на Република Македонија, постапувајќи преку Министерството за животна средина и просторно планирање објави Јавен повик за доделување на концесија ...

Владата на Република Македонија, постапувајќи преку Министерството за животна средина и просторно планирање објави Јавен повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река за потенцијалните домашни и странски понудувачи за доделување на Проект за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река со заедничко вложување со АД "ЕЛЕМ" .
Со ова се добива концесија за вода од Црна Река за производство на електрична енергија, вклучувајќи ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Чебрен" ексклузивно право за управување и одржување на постоечката ХЕЦ „Тиквеш" и ексклузивно право за дизајнирање, градење, управување и одржување на ХЕЦ „Орлов Камен“ врз основа на условите наведени во договорот за концесија за период од педесет и две години.
Понудите важат до 16-ти март.
