Поддршка за социјално исклучени лица за вклучување на пазарот на труд
Речиси 41,6 проценти од населението е социјално ислкучено велат од Центарот за економски истражувања „Фајнел стинг“. На овие групи им е потрбна подршка за вклучување и вработување на овие лица на пазарот на труд. Преку проект со обука ќе бидат вклучени 120 лица од кои се очекува 50-ина да бидат вработени.

Политичката ситуација ја зголемува неизвесноста во стопанството- предупредуваат економистите. Бизнисот е во грч, компаниите, и домашните и странските, се воздржуваат од носење одлуки за инвестираат. Наместо раст, на бизнисот секторот му се заканува борба за преживување.
Од Центарот за економски истражувања „Фајнел стинг“, велат дека речиси 41,6 проценти од населението е социјално ислклчено. Се работи за луѓе на кои им е потребна поддршка при вклучувањето на пазарот на труд.
Со пари од Европската унија преку ИПА програмата се спроведува проект за вклучување на маргинализираните групи на пазарот на труд.
Активните мерки за вработувања придонесуваат во подобрување на состојбата на оваа група, а проферската Мојсовска- Блажевски советува да се таргетираат сите млади работоспособни лица.
Дијана Ценевска
