Кампања „Биди фер- За дество без пречки“ за поголема инклузија на децата со попреченост
„Биди фер- За детство без пречки“ е новата кампања на невладините и надлежените државни институции за вклучување во општеството на децата со посебни потреби. Без соодветни услови, ниедно дете не може да расте, да игра, да учи и да сонува. Вистинските пречки со кои се соочуваат децата со попреченост се во однесувањето на луѓето, просторот и во општеството, истакнаа говорниците.

Овие снимки од аптека јасно покажуваат како реагираат луѓето кон некој што е поразличен од нив. Тие не сакаа да ги услужи аптекарски помошник со Дунов синдром. Но, ако се ставиме на нивно место нашата перцепција би била поинаква. Мобилизирање на јавната свест и обезбедување поддршка за правата и вклучување на децата со попреченост е целта на кампањата „Биди фер- За детство без пречки“.
Како дел од кампањата е изработена и нова апликација за мобилни телефони, „без пречки“ за да се информира и да се вклучи јавноста во мапирање на примерите за пристапност во земјата. Таа дава осврт на пристапните згради, пешачките патеки и премини, пристапен јавен транспорт, паркинг, детски игралишта.
Според податоците во предучилишно образование само 145 или 0,5 % од вкупно 30.100 запишани деца се со попреченост.
Наташа Јанчиќ
