Tри милиони евра за рамномерен регионален развој во 2017 година

02.03.2017 16:00

Владата продолжува да ја имплементира политиката за рамномерен регионален развој со која се придонесува за развој на осумте плански региони во Македонија. Планирани се 3 милиони евра за 60 проекти за поголем раст на локалната економија, создавање нови работни места, подобрување на условите за образование како и обезбедување на поголем животен стандард.

Три милиони евра од државната каса како помош за развој на осумте плански региони во земјава. Предвидена е реализација на 60 проекти. Најмногу пари ќе добијат најнеразвиените области за изградба на патишта, водоводи и уредување на населени места. Со 225 илјади евра ќе се градат патните правци меѓу Чанаклија и Нова Маала, Муртино и Еднокуќево. Во Демир Хисар ќе се обновува регионалниот зелен пазар, инвестиција од 100.000 евра.

Дополнително финансиски ќе се поддржат проекти за развој на локалниот туризам и селата, реконструкција на домови на културата, заштита на животната средина, локални патишта.

Програмата за рамномерен регионален развој се спроведува од 2009-та година, а до сега се поддржани 500 поединечни проекти за што Владата издвоила 14 милиони евра.

 

Викторија  Милевска