Прекинат штрајкот на железничарите
Падна договор меѓу вработените во МЖ- Транспорт и менаџметот. Иднава недела, јануарската плата треба целосно да им биде исплатена, до крајот на март и февруарската. Железничкиот сообраќај се нормализира, прво товарниот, а од утре и патничкиот.

Од 16 часот почнаа да собраќаат товарните возови, утре и патничкиот железнички сообраќај ќе почне да фунционира. Синдикалците го прекинаа штрајкот, после договорот со в.д. директорот, Игор Коруновски, јануарската плата да им биде целосно исплатена идната недела, а до крајот на месецот да биде исплатена и февруарската плата. Тие договориле од април да почне редовна исплата на платите. Ова го потврдија и од независниот Синдикат на машинскиот персонал и од иницијативниот одбор.
Вработените во Македонски железници го почнаа штрајкот пред две недели. Пробелм беше јануарската плата. Во меѓувреме, поранешниот генерален директор на МЖ- Транспорт, Никола Костов даде оставка и на неговот место дојде в.д. директорот Коруновски.
Штрајкот целосно го блокираше Железничкиот сообраќај во земјава. Раководството апелираше да се дозволи да сообраќаат возовите, бидејќи во спротивно се креираат дополнителни економски штети. Од Владата одлучија да се зголеми директната помош за оперативното работење на железницата за 70 милиони денари на годишно ниво, со условно работниците да се вратат на работа.
Фиљана Кока
