Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протестни маршеви
Организаторите најавија дека тие ќе се одвиваат сѐ додека политичарите не ги исполнат преостанатите барања, откако, како што велат едно од нив беше исполнето со одлуката на претседателот Иванов да не го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Продолжуваат протестните маршеви на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Организаторите најавија дека тие ќе се одвиваат сѐ додека политичарите не ги исполнат преостанатите барања, откако, како што велат едно од нив беше исполнето со одлуката на претседателот Иванов да не го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во одбрана на унитарноста на државата застанаа и земјоделците од Струмица, а оризопроизводители од истокот на земјата со половина часовен протест го блокираа магистралниот пат Штип-Кочани. Порачаа дека се спротивставуваат на секоја идеја за редефинирањее на Македонија.
