Москва: Да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија

02.03.2017 16:31

Според руското Министерство за надворешни, западот со помош на албанското малцинство и нивните, како што е наведено, ултиматуми, се обидува на власт да ја доведе поразената опозиција...

Со официјален коментар за случувањата во Македонија се огласи и руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението е наведено дека е неопходно да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија.

„Членови на раководствата на ЕУ и на НАТО се обидуваат на Македонија да ѝ ја наметнат „Албанската платформа“, дефинирана во канцеларијата на премиерот на Албанија во Тирана, со која се исцртува картата на таканаречена Голема Албанија и се искажуваат територијалните претензии и кон големи области на соседна Црна Гора, Србија, Македонија и на Грција“- оценува руското МНР.

Според руското Министерство за надворешни, западот со помош на албанското малцинство и нивните, како што е наведено, ултиматуми, се обидува на власт да ја доведе поразената опозиција, што претставува нарушување на уставните темели на земјата и е во спротивност со волјата на македонските гласачи- се вели меѓудругото во соопштението.