Грција: 24-часовен штрајк на лекарите од државните болници
02.03.2017 16:40
Штрајкот е поддржан од лекарскиот синдикат, кој ги повика своите членови да учествуваат и на митингот што денеска треба да се одржи пред министерствто за труд во Атина.

Државните болници во Грција денеска ќе примаат само итни случаи поради 24-часовниот штрајк на лекарите, кои протестираат поради новиот закон за осигурување.
Штрајкот е поддржан од лекарскиот синдикат, кој ги повика своите членови да учествуваат и на митингот што денеска треба да се одржи пред министерствто за труд во Атина.
Лекарите бараат намалување на трошоците за осигурување како и итна исплата на долговите на државата кон социјалното осигурување.
