Попоски на неформален министерски состанок на земјите-учеснички на ПСЈИЕ
03.03.2017 08:08
Се очекува клучни теми на дискусија на неформалниот состанок на ПСЈИЕ да бидат европските интеграции, регионалната стабилност и добрососедството.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Загреб ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Како што соопшти МНР, се очекува клучни теми на дискусија на неформалниот состанок на ПСЈИЕ да бидат европските интеграции, регионалната стабилност и добрососедството.
