Могерини побара од Иванов да ја преиспита одлуката
Од волјата на политичките лидери зависи дали ќе ја продлабочат кризата или ќе и помогнат на земјата да оди напред. Ваква изјава даде високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини по средбата со политичките лидери.

Земјата нема повеќе време за губење. Од волјата на политичките лидери зависи дали ќе ја продлабочат кризата или ќе и помогнат на земјата да оди напред. Ваква изјава даде високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини по средбата со политичките лидери. Од претседателот Иванов побара да ја преиспита одлуката за недоделување мандат за нова влада.
„Од претседателот побарав да ја преиспита одлуката и согласно Уставот, со тоа што мандатот ќе го додели на кадидатот кој ќе направи мнозинство. Би сакала да кажам дека сите политички лидери имаат институционална одговорност да ја смират реториката и да ја смират оваа политичка и инстиуционална криза, да прерасне во интеретнички конфликт, или уште полошо во геополитички конфликт“, изјави Могерини.
Со постизборната платформа се руши Уставот и Охридскиот договор, а Македонија се доведува во подредена состојба кон друга држава, порачал Иванов на средбата со Могерини.
Шефицата на европската дипломатија в понеделник треба да реферира за мини балканската турнеја пред Советот за надворешни работи на Европската унија.
