„Херитиџ“: Дипломати од администрацијата на Обама ја злоупотребиле својата положба

03.03.2017 13:08

Мајк Гонзалез, поранешен функционер на Стејт Департментот во времето на претседателот Буш, кој сега е експерт на фондацијата „Херитиџ“, вели дека мешањето во внатрешните политички прашања на Македонија е само еден пример од широката дипломатска борба која се води внатре во американската администрација, како и со други заинтересирани држави.

Водечката американска конзервативна фондација „Херитиџ“ обвини дипломати од администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама за злоупотреба на својaта положба за да туркаат паралелни политички цели, посочувајќи ја Македонија како водечки ваков пример.

Мајк Гонзалез, поранешен функционер на Стејт Департментот во времето на претседателот Буш, кој сега е експерт на фондацијата „Херитиџ“, вели дека мешањето во внатрешните политички прашања на Македонија е само еден пример од широката дипломатска борба која се води внатре во американската администрација, како и со други заинтересирани држави.

Гонзалез посочува дека Бејли е соочен со повици од членови на Конгресот да го објасни своето финансирање на невладини организации поврзани со мрежата на левичарскиот милијардер Џорџ Сорос, и дека, незадоволни од одговорите, конгресмените покренаа истрага за работата на амбасадорот.